Јанушев:Времето на разговорите во “бомбите” не се поклопува со времето на снимките што ги имало СЈО за даден случај

После носењето дома на “бомбите” од страна на вработените на СЈО, антидатирањето на службените белешки во однос на тоа кој се имал пристап до доказните материјали и останатото постапување спротивно на безбедносните протоколи, сега го гледаме шефот на криминално-рекетарската власт – Зоран Заев во улогата на Хорацио Кејн од “CSI” како изјавува дека форензиката ги потврдила разговорите и немало дилема за никој во функција на тоа.

И се тоа ќе биде во ред да не се целосно спротивни наводите во вештачењата на стручњаците кои ја оспоруваат автентичноста, што всушност го потврди и еден од “неговите” (Верушевски).

Она што е доста интересно е што Македонската јавност, иако веќе изминуваат неколку години, не беше воопшто информирана за некои небулозни “детали”.

Па така, разговори кои се случиле во октомври и јуни, се снимиле во ноември и август. Реалното време на муабетите во “бомбите” не се поклопувале со времето на снимките што ги имало СЈО за даден случај. Вештаците утврдиле и дека часот кога се случиле разговорите и времето кога се снимиле, не се совпаѓаат.

Понатаму, имало изготвени вештачења, согласно кои, апсолутно без никаков траг пораките може да се менуваат во целата нивна содржина.

После се, на сите им е јасно зошто СЈО не дозволувале тие фајлови да се видат, да се провери колку се веродостојни, дали се менувани или не!?!

Имало само изјава дека материјалите се вештачени некаде во Германија, само што никој никогаш не го видел вештачењето.

Како се “одмотува клопчето”, така се докажува дека СЈО беше алатка во рацете на Заев единствено за политички прогон на опозицијата, а истото сега се обидува да го прави преку т.н. Русковска обвинителство и Кацарска судство.

Разликата е во тоа што има едно поинакво ВМРО каде што ова не поминува!

Месеци се во прашање! 😉

#КриминалноРекетарскаВлада
#Оставка
#ПредвремениПарламентарниИзбори

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...