За 2/3 од годината власта е неспособна да реализира ниту една 1/3 од годишно предвидените капитални инвестиции

Интегрален текст од изјава за медиуми на Светислав Васев

Почитувани,

За 2/3 од годината власта е неспособна да реализира ниту една 1/3 од годишно предвидените капитални инвестиции. Власта е неспособна веќе трета година да работи и реализира проекти. Наместо патишта, имаме криминал, наместо железници, корупција.

28% реализирани капитални инвестиции за цели 8 месеци е одлика на неработа.

Функционерите на власта не носат инвестиции, туку „Луј Витон“ торби полни со рекетирани милиони.

Неспособноста и неработата на Заев и неговата влада резултира со кратење на над 50 милиони евра од ставката во буџетот капитални инвестиции. Нема нови градинки, училишта, болници и гасоводи, патишта, но има за партиски вработувања и полнење на јавната администрација.

Нема нови 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта и 1.100 километри локални патишта. Заев вети. Заев излажа.

Клиничката болница во Штип трета година не можат да ја довршат.

Клиничкиот центар во Скопје кој веќе требаше да биде во напредна фаза на реализација, е одложен.

Три години не изградија ниту едно ново училиште, ниту една нова градинка.

Три години Македонија стагнира. Три години економијата пропаѓа.

Време е за промени, време е за обнова на Македонија.

 

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...