Политичката кариера на Заев е завршена, а поразот за СДСМ на следните избори е загарантиран кога и тие да се случат

Соопштение до јавноста, реакција на интервјуто на Зоран Заев

Македонија тоне во криминал и корупција од денот кога Зоран Заев седна во премиерската фотелја. Аболицираниот Заев и криминално-рекетарската банда со која тој раководи ја ограбија државата, а буџетот го третираат како партиска сметка.

Откако преку криминални тендери, грантови и непотизам испумпаа милиони евра народни пари кои завршија на личните сметки на партиски и државни функционери сега Заев се надева дека Европските фондови ќе и помогнат на македонската економија. Криминалците на власт секојдневно ги задолжуваат граѓаните, а проекти нема. Сите знаеме каде завршуваат овие пари.

Со рекет, уцени, целосна контрола на власт врз правосудството, криминал и корупција Македонија нашата европска перспектива е загрозаена. Со Зоран Заев како премиер  нема напредок.

Анкетите покажуваат дека паѓа довербата во  Заев и оваа Влада. Заев е во паника, веќе е јасно дека идната Влада на Република Македонија ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ. Поради оваа причина власта се плаши од предвремени парламентарни избори. Но граѓаните нема да го заборават криминалот на оваа власт, нема да го заборават рекетот, политичкиот прогон и уназадаувањето на државата на секое поле. Политичката кариера на Заев е завршена, а поразот за СДСМ на следните избори е загарантиран кога и тие да се случат.

 

 

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...