Мицкоски: Истрагата за Рекет претставува класичен пример како не треба да функционира една држава

За претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истрагата која ја води обвинителството за организиран криминал и корупција за случајот Рекет е класичен пример како не треба да функционира една држава. Тој посочи дека токму обвинителството кое што беше формирано да се бори против криминалот и корупцијата стана синоним за истото.

Истрагата за Рекет претставува класичен пример како не треба да функционира една држава бидејќи таму гледаме дека имаме од она што успеавме да го видиме и да го слушнеме дека имаме замешани и политичари, луѓе кои што се сопственици на телевизии и дел од шоу бизнисот еве така да го наречам, новинари, но истовремено гледаме дека имаме тесна спрега помеѓу тие луѓе и правосудството, односно обвинителството во случајот СЈО кое што да потсетам беше формирано токму да се бори против ваков тип на мафијашки и арамиски здружувања, а со цел да се рекетираат бизнисмени или пак да се уценуваат политичари, вели тој.

Според Мицкоски аферата Рекет покажа како не треба да функционира правосудниот систем во една држава, бидејќи станува збор за најголемата афера во историјата на независна Македонија каде се гледа спрегата на политичарите со правосудниот систем.

Моето мислење е дека аферата Рекет сериозно покажа како не треба да функционира и како погрешно функционира во моментот правосудниот систем во Република Македонија, но и политичарите кои што се во спрега со правосудниот систем во Република Македонија. Така што кога од оваа перспектива би дал одговор јас мислам дека можеби случајот Рекет е најголемата афера и најголемиот скандал кој што се случи во нашата држава од осамостојувањето до денес, додаде тој.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...