Криминалната банда на власт работи единствено за своите лични интереси

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Благој Бочварски

Крајно време е власта да престане да шири лажни вести, да ги лаже и манипулира македонските граѓани. Криминалната банда на чело со аболицираниот Заев наместо во интерес на граѓаните работи за своите лични тесно партиски и бизнис интереси преку криминал, уцени, рекет и притисоци.

Доволен доказ за ова е катастрофалната и срамна реализација на капиталните инвестиции од 20 проценти за првата половина од 2019 година. Да потсетиме дека СДСМ најавуваше дека оваа година ќе биде економска, а граѓаните добија рекетарска година во која гледаме како луѓе блиски до власта се шетаат со „Луј Витон“ полни со милиони евра украдени пари.

Нема нови проекти, нема изградба на училишта, градинки, болници, а проектите кои беа започнати од претходната Влада намерно се одолговлекуваат, а дел од нив се и целосно стопирани. Власта во Кратово не успеа да изгради пат од 3 километри, граѓаните се излажани.

Изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп не само што е стопирана туку граѓаните ќе треба да платат неверојатни 100 милиони евра оштета на компанијата изведувач поради раскинување на договорите. Дали можеби повторно станува збор за рекет?

Граѓаните се излажани и изреволтирани, а својот гнев ќе го искажат на следните парламентарни избори кога ќе кажат доста беше од аболицираниот Заев и неговата криминална банда.

 

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...