Јанушев од Кратово: Владата на СДСМ за овие три години успеа да направи пат од три километри

Интегрален текст од изјава за медиуми на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Она што го гледаме во сите овие изминати години откако е СДСМ на власт, без разлика дали е тоа на централно или на локално ниво е девастација на македонското општество буквално во секое поле.

Она што можеме да го констатираме за жал како факт е дека имаме буквално разурната економија, распродадени национални интереси, младите се иселуваат, здравството и земјоделието за жал крахира.

Знаејќи ги овие работи токму поради тоа овој период ВМРО-ДПМНЕ е повторно како и секогаш меѓу граѓаните на терен, каде што ќе го посетиме буквално секој град, секое село, секое населено место во Република Македонија. И разговарајќи со граѓаните ќе создадеме, ќе креираме една програма каде што ќе понудиме решенија буквално за секој проблем.

Денес сме овде во Кратово каде што разговарајќи со граѓаните, покрај тоа што се потиштени од целокупната политичко – економска ситуација во државата, она што исто така при разговорите со граѓаните можеме да го увидиме е буквално неработењето, неспособноста и некадарноста на локалната власт овде во Кратово.

Она што беше ветено како проекти без разлика дали тоа беше во кампањата за парламентарни избори или за време на локалните избори буквално нема никаква реализација. Од она што го добивам како информација  од луѓето е дека  во овие речиси три години само 3 километри пат има асфалтирано во Кратово.

Останатите проекти коишто беа ветени како младинскиот спортски центар, изградбата за домот на стари луѓе, реновирањето на плоштадот на  околинава на каде што  и сега се наоѓаме, реновирањето на дел од улиците и во централното градско подрачје   се само  празни збори и лаги како и се она  што досега СДСМ го има направено во Република Македонија.

Ги повикуваме буквално сите граѓани да дојдат да поразговараме, реално да ни ги соопштат  најголемите проблеми со коишто се соочуваат, а ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе дадеме решение за истите тие проблеми и за многу, многу брзо  од сега ќе бидеме во ситуација да ги реализираме и да почнеме со обнова на Македонија.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...