Попова: Шилегов да одговори, дали зад продажбата на градската куќа по багателна цена се кријат провизии и однапред се знае купувачот

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Ирена Попова, Советник во Советот на Град Скопје

Почитувани,

Зад скандалот со продажбата на градската куќа од страна на Шилегов стои сомнеж за криминал, криминални интереси и провизии.

Неговите тврдења со кој тој ја штити криминалната бонбона бизнис се лажни, небулозни, плитки и површни.

Ако Градската куќа  како што вели Шилегов е на несоодветен простор, тогаш зошто тој како градоначалник вложи 3 милиони евра за нејзино финализирање, инвестирајќи во проект кој за него е промашен, освен ако не сака да почасти некој купувач со ваков капитален објект за Скопје.

Дали со ваквите критики тој свесно не сака да ја спушти цената за зградата која сега ја продава под нејзината реална вредност.

Дали обвинувањата на Шилегов дека Градската куќа е претесна, не е само поради фактот дека на последните две седници на советот далеку од очите на јавноста протурка 423 партиски вработувања, во Водовод, ЈСП, од кои 186 вработувања на партиски војници директно во администрацијата на Град Скопје?

Крими Шилегов треба да одговори на неколку основни прашања: Зошто новата Градска куќа ја продава по цена далеку од нејзината вредност, и зошто новиот купувач го части со гратис комуналии, и бесплатно државно земјиште кои Градот Скопје ги обезбеди за оваа зграда?

Дали однапред се знае кој ќе ја купи Градската куќа, и дали во прашање се провизии кои ќе легнат на нечија сметка за ваквиот бонбона бизнис?

Дали е точно дека Шилегов таксал зграда стара неколку децении која се наоѓа пред Градскиот трговски центар, во замена на новата изградена Градска куќа?

Две години крадоначалнил Шилегов, две години лаги, криминал и неработа.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.