Одговор на новинарско прашање на Трајко Славевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Одговор на новинарско прашање на Трајко Славевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Господине Славевски последните податоци на статистика покажуваат дека индустриското производство во август е 9,8%, од јануари август е 5,5%. Ова според власта е показател дека во третиот и во четвртиот квартал ќе има позасилен раст на економијата, тоа е ваш коментар на ова и уште еден коментар како ги коментирате последните бројки на Народна банка за странските директни инвестиции, половина година од 55,6 милиони евра?

Одговор: Ги видовме вчера податоците за индустриското прозиводство, јас онака бегло ги анализирав, може да се види еден интересен податок дека само две гранки одат напред, тоа е производството на енергија и некои гранки од преработувачката индустрија, а голем број гранки како што е на пример прехрамбената и други значително опаѓаат. Овдека треба да видиме која е улогата на некои капацитети како што е Тету за производство на електрична енергија која не знаеме кога се вклучуваат, кога се исклучуваат и кои што влијаат на вакви цифри во индустриското производство. Но, знаете индустриското производство не е показател за севкупното движење во економијата. Тоа влијае но знаете дури и да се постигне некоја стапка на раст целосна за 2019 година од 3% е далеку од она што се ветуваше дека ќе бидат 5 или 6%. Така што мислам дека не можеме  тука  да бидеме оптимисти. Во однос на странските директни инвестиции, самата цифра ни зборува, историски најниско ниво на странски директни инвестиции. Ништо од она што беше ветено  не доаѓа во Република Македонија.

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....