Попова: Шилегов новиот купувач на градската куќа ќе го “почасти”, гратис земјиште и нула износ на комуналии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Ирена Попова, Советник во Советот на Град Скопје

Почитувани,

Зад продажбата на новата градска куќа од страна на Петре Шилегов се крие основан сомнеж за криминал.

Шилегов новиот купувач на градската куќа ќе го “почасти”, гратис земјиште и нула износ на комуналии.

Еве ги и фактите:

– фрапантно е што Шилегов новиот купувач на градската куќа ќе го части со гратис бесплатно земјиште и нула денари комуналии за градот Скопје. Имено градската куќа беше планирана како објект каде ќе биде сместена градската администрација, и за таа цел Градот искористи државно земјиште, а градбата беше ослободена од комуналии. Сега Шилегов ќе го почасти новиот купувач и газда со гратис бесплатно земјиште и комуналии.

– Продажбата ќе оди преку негативна електронска аукција што значи дека цената на продажбата може и да паѓа. Значи сумата која е инвестирана ќе биде повисока, од цената по која ќе се продаде, а Скопје ќе бележи загуба.

Објаснувањата на Шилегов дека сега се сетил дека градбата е нефункционална се излитен параван зад кои се крие сомнеж за криминални интереси. Ако било тоа така зошто овој градоначалник вложи и инвестираше 3 милиони евра за довршување на објектот. Значи Шилегов според неговите зборови дозволил инвестиција во објект кој за него е нефункционален и тоа изнесува 3 милиони евра.

Бесплатното земјиште и комуналии  е врвот на неодговорното и разуздано владеење на Шилегов. Ова е нова бомбона бизнис во кој нашите сомнежи се дека некој значително ќе се офајди.

Пред очи на целата јавност се случува разграбување и оштетување на имотот на Скопјани.

2 години крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминали и неработа.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...