Кривични пријави, закани, уцени врз новинарите и медиумите од власта на СДСМ имаат за цел да ги заплашат и замолчат новинарите и да ја задушат критиката во медиумите

Соопштение до јавноста

Зоран Заев и СДСМ се фатени во криминал до гуша. Затоа се извадени од памет од медиумите кои се храбри да известуваат за злоупотребите на власта. Затоа се обидуваат да ги заплашат и премислат во намерата критички да ги опсервираат злоупотребите на власта.

Зоран Заев и СДСМ знаат само за притисоци и уцени врз критичките медиуми и новинари.

Вчера од страна на МВР и ОЈО а по директен диктат на СДСМ и Заев  се спроведе диктатура и режим.

МВР и ОЈО по наредба на Оливер Спасовски и Зоран Заев вршеа претрес во Нет Пресс само поради објава на скандал каде што има сомнеж за сериозен криминал од страна на висок функционер од Владата на СДСМ. Тоа го изведоа додека медиумите протестираа пред ОЈО против притисоците врз новинарите и медиумите.

Со ваквиот чин, ОЈО, СДСМ, Заев и Спасовски вршат директен напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста да се информира.

Кривичните пријави и политичкиот прогон  против уредникот на Инфомакс Александар Митовски, новинарот и уредникот на Лидер, Љупчо Златев, против новинарот Горан Момировски и телевизија Алфа се јасен показател дека власта се плаши од вистината и од правдата во Република Македонија.

Кривични пријави, закани, уцени врз новинарите и медиумите имаат за цел да ги заплашат и замолчат новинарите и да ја задушат критиката во медиумите. Со тоа власта сака да ја спречи јавноста да се информира за важни случувања во Република Македонија.

Но, СДСМ мора да знае дека колку повеќе го зголемува притисокот врз својот народ и медиумите, толку повеќе и погласно ќе излегуваат на виделина сите нејзини криминали и коруптивни скандали.

ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува новинарите и медиумите да не се плашат и да не дозволат притисокот од власта на СДСМ да ги заплаши.

ВМРО-ДПМНЕ апелира до власта и до СДСМ, веднаш да престане да врши политички прогон врз медиумите и новинарите и да им дозволи професионално и непристрасно да си ја вршат работата.

Граѓаните во Македонија имаат право да ја дознаат вистината за криминалните скандали на Заев и СДСМ и затоа гласноста на народот и јавноста ќе ги победи молкот и цензурата на власта.

Прогонот врз новинарите и медиумите, како и затскривање на вистината ќе бидат совладани, кога најголемиот лажго Зоран Заев ќе стане минато и ќе си замине од власт.

 

 

 Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...