Шилегов ја излажа јавноста, носи одлука за продажба на Градската куќа, какви бизнис интереси се во прашање?

Интегрален текст од изјава за медиуми на Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје

Почитувани,

Петре Шилегов нема проблем да ја излаже јавноста. Впрочем крадоначалникот станува и лажго.

Пред неполна недела тој на новинарско прашање по претходно тврдење на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе се продаде градската куќа, негираше дека тоа е точно. Шилегов изјави „Јас лично не гледам и не препознавам во изминативе две години дека опозицијата креира било каква политика за градот, таквите работи за луѓе кои немаат политика не треба сериозно да ги сфаќате“ – рече Шилегов.

Денес како итна точка на дневен ред Шилегов предлага продавање на новоизградената градска куќа.

Дополнително се предложија уште 8 дополнителни точки без причина за нивна итност. Поголемиот дел додатни точки се за вработувања покрај постојните 186 за кои требаше да одлучува советот.

Значи она на што предупредуваме, а Шилегов го негираше сега се реализира.

Значи наместо да гради, Шилегов продава.

Неразбирлива и незаконита е итноста на потребата да се носи ваквата одлука и потребата да се лаже јавноста, освен ако нема силен бизнис интерес за тоа.

Притоа Шилегов не даде никакво образложение за причините за продажбата.

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија, заедно со целокупната опозиција донесе одлука да ја напушти расправата на седницата на Советот и да не го легитимира бонбона бизнисот на Шилегов.

Оттука Шилегов потребно е да одговори:

-Зошто ја лажеше јавноста дека нема да ја отуѓува градската куќа? И Зошто полутајно на шверцерски начин преку злоупотреба на процедури продава новоизградена зграда?

-Кои се мотивите за продажба на градската куќа? И најважното дали однапред се знае кој ќе ја купи оваа куќа?

-Дали е вистина дека зад вакво отуѓување стои нова бонбона бизнис при што ќе ја отуѓи новата градба која беше наменета за градска куќа, и тоа за возврат на неколку децении стара градба?

-Дали зад ваквата бизнис зделка стојат и приватни и лични интереси, со други зборови дали Шилегов принципот „евро за евро“ од Струмица го презема и унапредува среде Скопје?

2 години Петре Шилегов, 2 години лаги, криминал и неработа.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...