Манојлоски: СДСМ треба да знае дека со изградба на колекторски систем и со изградба на речно корито ќе се решат проблемите на граѓаните од Тетово

На денешната седница на Комисија за финансирање и буџет се обрати и пратеникот Горан Манојлоски кој посочи дека во Тетово и тетовско во изминатите четири – пет години имаше повеќе временски непогоди каде што беа поплавени поголеми подрачја. И самата општина Јегуновце нема доволно средства да реализира проект, а доколку се обезбедат се ќе се санира и жителите нема да стравуваат кога ќе има поголеми временски непогоди.

Мојот амандман се однесуваше за уредување на коритото на реката Вардар, и сакам да напомена дека Општина Јегуновце е сосед на оваа општина и гледате и сами слушате какви проблеми имаме. При секое излевање на реката Вардар се контаминираат земјоделските полиња и земјоделските поседи, затоа треба сите овие амандмани кои што ги предлагам многу сериозно треба да бидат сфатени. И да се излезе во пресрет на овие послаби финансиски општини, и овој проблем да се реши еднаш за секогаш, додаде Манојлоски.

Манојлоски истакна дека со изградба на колекторски систем, со изградба на речното корито ќе се решат проблемите не само на граѓаните на Тетово, туку генерално се решаваат на проблеми на поголемиот дел на граѓаните на Република Македонија. Бидејќи Вардар тече низ целата територија на нашата држава.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...