Ласовска до СДСМ: Како влада планирате енормни задолжувања, а капитални проекти не се во вашите проекции

Пратеничката Благица Ласовска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денес на седницата на Комисија за финансирање и буџет појасни дека е разочарана од заменик министерот за финансии и општо од политиките на оваа власт.

-Срамота е да не може министерката за финансии да се види со премиерот Заев во Владата, па во Њујорк се договориле да се видат. Чисто да ја запознаете министерката дека овој амандман го поднесувам веќе трета година по ред и ќе го поднесам и за време на буџетската расправа. Затоа што ова ветување е исто така ветување од владата на СДСМ, но и од локалната самоуправа. Градоначалникот на Свети Николе има ветено дека ќе има санација на речното корито на реката Поток, потенцира Ласовска.

Ласовска истакна дека оваа река тече низ центарот на градот, и навистина и владата, а и локалната власт требало досега да се потрудат да дојдат во Свети Николе, не е далеку и сега со новиот автопат која што го направи владата на ВМРО-ДПМНЕ, а едвај владата на СДСМ го пушти во употреба.

-Блиску е и може министерката за финансии да дојде и да ја види ситуацијата со речното корито на реката Поток. Би сакала заради јавноста и заради моите сограѓани да кажам дека оваа влада до 2020 година јавниот долг ќе изнесува 52.3%, а државниот долг 41.9%. Што значи дека планирате како влада енормни задолжувања, а ваквите капитални проекти и инвестиции не се во вашите проекции, нагласи Ласовска.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...