Јанушев:Работата на СЈО наместо како на обвинителство, наликува како работа на партиски штаб на СДСМ

Гледаме како работата на СЈО наместо како на обвинителство, наликува како работа на партиски штаб на СДСМ. Значи, вработениве роднини, братучеди, сестри на обвинители и функционери на СДСМ имале пристап без контрола на целокупната документација и бомби со кои СЈО располагало. А, да не се заборави и дека првиот човек на оваа институција е осомничен за Рекет од 8 милиони евра.

Согласно безбедносниот правилник на СЈО, секој обвинител или истражител при подигање одреден доказ (и негово враќање), задолжително морал да пополни и архивира формулар на кој се наведува името на лицето кое го подига доказот и датумот и времето.

Исто така, безбедносниот протокол предвидувал забрана за вмрежување на компјутерите во СЈО, за да се избегне протекување на “бомбите”.

Како што објави Канал 5, имало многу случаи во кои ништо од ова не се почитувало!

Имено, голем број на обвинители дури и ги изнесувале “бомбите” и си ги носеле дома!

За да се прикрие овој крајно непрофесионален и шарлатантски начин на работа на СЈО, но пред се противзаконски и криминален начин, Катица Јанева наредила со помош на антидатирање, да се подготват приемни формулари, за наводна запазеност на безбедносниот протокол, при што сите вклучени обвинители и истражители, требале да се потпишат и лажно да потврдат дека земале документи и аудуо “бомби” за обработка.

Со други зборови да не се чудиме што материјалите со кои располагало СЈО за подобра цена можеби може да се најдат на некои од пазарите во Македонија.

И во истиот момент кога Македонската јавност дознава за новиот скандал на СЈО, Фатиме Фетаи со изјава дека е потребно појаснување што сакал да каже Верушевски за тоа дека материјалите претрпеле модификација и се компромитирани!?!

Да побараме, еве на пример, во речникот “Вујаклија” или во енциклопедијата “Британика” кое е значењето на “модификација” и “компромитирани”???

#КриминалноРекетарскаВлада
#Оставка
#ПредвремениПарламентарниИзбори

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...