Арсовски: Власта врши кривичен и политички прогон врз медиумите

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Денес диктатурата и режимот на СДСМ и на Заев се покажаа во вистинско светло.

Денес во моментите кога се одржуваше протестот против кривичен и политички прогон кон новинарите и медиумите кои се критички настроени кон власта, ОЈО и полицијата влегоа во уште еден медиум кој не им е под контрола на СДСМ и Зоран Заев и ги тероризирале новинарите.

Замислете, додека новинари протестираат против кривичен прогон на новинари и медиуми, МВР вршеше претрес во медиумот „Нет Пресс“ заради објавен скандал каде што има сомнеж за сериозен криминал.Каква перверзија!

Очигледна е намерата на власта да ја спушти завесата пред јавноста и да ги замолчи медиумите и новинарите вршејќи им кривичен прогон.

Почитувани граѓани,  среќна нова 49!

Власта на Заев врши кривичен и политички прогон кон уредништвото на порталот „Нет Пресс“ и уредникот Дејан Николовски.

Власта на Заев, преку ОЈО и УЈП врши и кривичен и политички прогон кон новинарот Горан Момироски и кон телевизијата Алфа.УЈП ја тероризира  и пречи во функционирањето на телевизија Алфа наназад одреден период.

Власта на Заев врши кривичен и политички прогон кон уредништвото на „Инфомакс“ и уредникот Александар Митовски.

Власта на Заев врши кривичен и политички прогон и кон уредништвото на порталот „Лидер“ и уредникот Љупчо Златев.

Сите овие медиуми и новинари се таргет на власта и на ОЈО само затоа што ја изнесуваат вистината, болната вистина  на виделина за криминалот кој го прави оваа влада откако е на власт.

Љубомир Јовевски, ОЈО и МВР се ставаат во функција на заштита на криминалот на Зоран Заев, Рашковски, Кирацовски, Анѓушев, Спасовски, Филипче, Ден Дончев и сите останати криминалци од власта на СДСМ.

Додека криминалците и рекетарите шетаат слободни и продолжуваат да рекетираат, уценуваат, прогонуваат и тероризираат за што е сведок и целата јавност, се гонат медиуми кои го објавуваат криминалот на оваа криминална банда на власт.

Апелираме до СДСМ и до власта, прекинете да вршите кривичен и политички прогон кон медиуми-новинари кои не ви се наклонети и кои не се под ваша контрола.

Прекинете да ги цензурирате медиумите и прекинете да ја забранувате слободата на говорот во медиумите.

Нема никого да замолчите и нема да спречите болната вистина за вашиот криминал да излезе пред очите на јавноста.

Вие сте криминално-рекетарска банда и мора што побрзо да заминете од власта!

 

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...