Трипуновски: Земјоделието овие три години само тоне, а земјоделците се разочарани од власта која вети многу, а не реализира ништо

Интервју на Цветан Трипуновски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, за  Порталот Курир

Господине Трипуновски гледаме како земјоделието станува се по присутна тема во медиумите, земјоделците излегуваат на протести, блокираат патишта, се фрла родот, што навистина се случува и на што се должат проблемите?

Видете земјоделието овие три години само тоне. Земјоделците се разочарани од власта која вети многу, а не реализира ништо. Сите се сеќаваме на Заев кој пред три години пред изборите во 2016 година одеше од град во град низ Јужна Македонија и ветуваше сигурен откуп и високи откупни цени. Сега три години подоцна ниту сигурен откуп имаме, ниту високи откупни цени, напротив родот затоа што нема кај да го продадат завршува во каналите и депониите. И во таква една ситуација кога немате услови за егзистенција три години нормално е да излегувате на протести и да блокирате патишта, тие луѓе друга алтернатива немаат, така единствено ќе биде слушнат нивниот глас. Оваа власт буквално ги заборави земјоделците.

Велите власта ги заборавила земјоделците, а гледаме дека го реализираа проектот ,,Зелена нафта” !?

Да проект има, но ефект од истиот нема никаков. Власта направи нешто над 50.000 картички, а во Македонија имаме над 100.000 земјоделци. Значи како прво нема картички за сите. Втора работа и уште поважна, и тие 50.000 картички всушност се ваучери со по 500 денари, е сега замислете вие некој земјоделец да птиде да запали механизација од некое село во Источна Македонија за да наточи нафта на најблиската бензинска која може би е и по пет, а некаде и десет километри одалечена. Дали тој има сметка и колкав бенефит има тој со тоа. Еве ќе скратам и ќе ви кажам, никаков.

Во делот на субвенциите бевте критикувани дека не се навремени сега власта вели тој проблем е решен?

Проблемот со субвенициите сега е уште поголем. Имено, власта лаже кога вели дека имаме навремена исплата, кога во принцип имаме дупка во сметката од 65 милиони евра, кои се заостанати обврски од претходните години, а најмногу откао СДСМ е на власт, со тоа тезата дека порано не се исплаќале, а сега се исплаќаат паѓа во вода.

Според ова заклучуваме дека навистина ништо не се работи на полето на земјоделието, доколку ситуацијата е таква, имали ВМРО ДПМНЕ решение?

Да, ситуацијата е лоша. Решение има и неговото спроведување мора да почне час поскоро. Нивите и селата се се попразни. Младите поради недоходовноста која е се по очигледна во последните неколку години веќе не се занимаваат со земјоделие, а сега и постарите ги оставаат тракторите и бегаат во странство. Оттука решение мора да има што побргу, а ние како партија го имаме. Затоа ќе понудиме целосно нов концепт, кој ќе биде презентиран пред граѓаните во периодот пред изборите кои следат.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...