Стоилковски: Скандалот Рекет 2 не смее да мине без оставка на Ден Дончев и Венко Филипче

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Скандалот Рекет 2 не смее да мине без оставка на Директорот на ФЗОМ и без оставка на Министерот за здравство. Тоа е најмалку што треба да се случи за колку толку да се има доверба во истрагата по поднесената кривична пријава.

Ден Дончев и Венко Филипче- лажеле, манипулирале, бркале светски гигант во здравството да не инвестира во Македонија, само и само за лични цели. И се уште Ден Дончев е директор на Фондот и може да уништува докази, да влијае на сведоци, може да рекетира, може да уценува, може да тргува на сметка на здравјето на луѓето. И се уште Венко Филипче министерува по сета девастација на здравствениот систем, а сега и со вмешаност во кривична пријава случајот РЕКЕТ2.

Почитувани, оставки се потребни за да има целосна вистинска и кредибилна истрага која што ќе одговори на следните прашањата:

  1. Дали зад намерата во Рекет2 на Ден Дончев и на Венко Филипче да се сопре продажбата стои изнуда на пари и месечни транши кај благајник со брада во Струмичко?
  2. Дали во Рекет2, Дончев комуницирал или на некој начин бил во контакт со Зоран Милески Кичеец?

3.Дали преку Кичеец во Рекет2 е вршен притисок приватна успешна компанија да биде продадена на лице по волја и избор на Дончев? Дали и за тоа мотивот се месечни транши кај благајник со брада во струмичко?

  1. Зошто во Рекет2 ако имало криминал ФЗОМ продолжил со соработката со компанија за која се сомнева дека има криминал?
  2. Кој е благајникот со брада во струмичко во Рекет2?

6.Дали во Рекет2 е злоупотребена и вмешана Управата за финансиско разузнавање?

7.Дали зад истрагата за наводен криминал и смрзнувањето на капиталот на приватен бизнисмен во Рекет2 не стои рекетирање и зошто нема никакви резултати од таа истрага и по година дена?

8.Дали Зоран Заев бил запознаен со притисокот врз приватниот бизнисмен и доколку е запознаен, дали го аминувал односно зошто не го пријавил Рекет2 кај Рускоска?

9.Дали македонското МНР и Никола Димитров биле запознаени за Рекет2 од странски дипломат и во тој случај зошто тоа го пријавил случајот кај Рускоска?

Без нивни оставки, барем од морални причини, со право може да се верува дека и РЕКЕТ2 се случувал со аминување од Зоран Заев. Тој ниту сега не бара оставки од нив, од Ден Дончев и од Венко Филипче. Ова е доказ дека Заев и државната  мафија немаат намера за спречување на криминалот. Ова е доказ за се залудни и лажни сите партиски декларации морални причини.

Срамно е РЕКЕТ2 не смее да мине како Леонардо- Рашковски уште е Генерален секретар, да мине како РЕКЕТ1- ги нема парите, ги нема Фрики, Кики, Шеки, Зоки Поки, не смее да мине како случајот Тополки- пола година заглавен во лавиринти додека Анѓушев си тера бизнис.

Се додека Ден Дончев раководи со Фондот, a Филипче со министерството, се’ до тогаш нема да се открие: Имало ли изнуда на пари, месечни транши и пат до Струмица “кај Благајникот со брада”?

Почитувани,

За сите ова е голема афера за која што зделката е видлива, намерата е предвидлива, злоупотребата на институциите е јасна. Ова е афера која уште еден доказ, случај за рекетарското здружување на октоподот на власта.

 

 

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...