Пратеник на СДСМ од Гостивар брутално нападна сограѓанин

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Лоран Страшевски

Почитувани!

Вчера Гостивар беше сведок на уште еден преседан, кој секојдневно го манифестираат моќниците од власта.

Имено, пратеникот во Собранието на Република Македонија од нашиот град, ја покажа својата бруталност врз наш граѓанин, само заради тоа што не го тргнал возилото.

Сведоците со чудење раскажуваат, за едно неверојатно однесување на претставник од народот, чии гласови му ја довериле високата позиција на која се наоѓа. И уште повеќе, таа бруталност да ја покаже во присуство на малолетно лице, ќерка на жртвата, на која покрај физичка, му е причинета и материјална штета на автомобилот.

Се прашуваме кој ни ја води државава? Кој не претставува во највисокиот дом и на кого му се дава имунитет?

Зарем граѓаните треба да се плашат кога ќе видат пратеник или било кој претставник од власта, кои наместо да им помагаат и да им ги решаваат проблемите, да се повикуваат на сопствениот имунитет и да изигруваат локални шерифи?

Апсолутната власт, апсолутно расипува. Истото се случуваше со Курто Дудуш, со синот на Хари Локвенец и уште многу други примери.

Упатуваме апел до институциите кои се одговорни, да преземат соодветни мерки и што е можно поскоро да се разреши настанот, бидејќи револтот меѓу гостиварчани е голем. Да не се дозволи случајот да се прикрие, бидејќи никој не е над законот, а најмалку оние кои треба да бидат пример за почитување на правна држава.

Слободата на движење на граѓаните никој не може и не смее ја одземе. Господа, претставници од СДСМ, да се води држава е сериозна работа, а вие тоа за жал три години не можете да го сфатите. Бараме правда за нашите сограѓани!

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...