Координаторот на пратеничката група во собранието на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во Комисијата за финансирање и буџет процедурално истакна дека присуството на министерката е нужно, и честита за престижната награда и смета дека е неодговорно за ресорен министер да отсуствува од дискусијата за буџетот.

Тој исто така истакна дека со престижната награда ниту оризарите ќе бидат обесштетени, ниту лозарите и другите земјоделци ќе го добијат тоа што го бараат, ниту штетите од замрзнување нема да бидат решение до крај, ниту сите оние проблеми кои што ги имаме во државава.

-Сметам дека кога веќе се нафатила да биде министерка за финасии нејзините обврски се во интерес и во контекст на државата, а престижните награди нека и се среќа, да си ги добива уштте повеќе во областа која што ја знае, меѓутоа наградата од граѓаните ќе ја видиме во многу скоро време, на истава оваа министерка која што се нафати да биде дел од оваа неспособна власт, вели Мицевски од собраниската говорница.