Мисајловски: Третата година од своето владеење оваа власт нема започнато ниту ЕДЕН свој капитален проект и немаат изградено ниту 1 километар автопат

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски преку својот Фејсбук профил сподели статус во кои пишува дека најголемите потфрлања на оваа власт повторно се во капиталните инвестиции.

-Најголемите потфрлања на оваа власт повторно се во капиталните инвестиции!!!

И во третата година од своето владеење оваа власт нема започнато ниту ЕДЕН свој капитален проект. Немаат ниту 1 километар автопат изградено од ветените 500 километри, не постои ниту еден автопат што Сдсм го започнале со проектирање, обезбедување на финансии и започување на градба на терен, нема ниту еден експресен пат што го започнале ниту пак имаат намера да почнат.

Нема ниту еден капитален проект во град Скопје после 2 години владеење, немаат ниту еден нов булевар, ниту парк, ниту проект во подземната инфраструктура. Нема ниту еден капитален проект ниту во Ѓорче, Куманово, Аеродром, Бутел, Прилеп, Битола, Охрид, Штип, Тетово итн……

Едноставно не ги бива, треба да се работи но како и секоја претходна влада на Сдсм кај нив зборот РАБОТА е само мисловна именка….
Затоа набрзо доаѓа Обновата на Македонија каде што треба да се засукаат ракавите и многу да се работи зашто од овие ТОЛКУ!!!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...