ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува денешниот акт на насилство и закани кон медиумите кој Зоран Заев го спроведе преку своите послушници во ЈО

Соопштение до јавноста

Режимот на Зоран Заев ја укинува демократијата и слободата на говор во Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува денешниот акт на насилство и закани кон медиумите кој Зоран Заев го спроведе преку своите послушници во јавното обвинителство. Да се покрене обвинение против новинар за објавени информации од јавен интерес е најбрутален обид да се замолкнат медиумите и да се заплашат сите оние кои не работат под диктат на власта.

Зоран Заев е во паника затоа што гледа дека Русковска обвинителството не може да ги покрие трагите за Рекет кои водат до него. Затоа Заев нарачува прогон врз новинари со надеж дека одговорноста ќе се ограничи само врз Јанева, Боки 13 и Зоран Кичеец.

Со политички прогон на медиумите Македонија оди назад во процесот на евроинтеграции.

ВМРО-ДПМНЕ бара Јавното обвинителство да се спротивстави на притисоците од страна на власта и да почне да ги гони вистинските криминалци, а не оние кои се охрабриле да пишуваат за корупцијата и злоупотребите на функционерите.

По смената на власта, сите овие скандалозни обиди за политички прогон и притисоци врз медиумите ќе бидат отворени и истражени, а освен за нарачателите, одговорност ќе биде побарана и за извршителите на овие наредби.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...
dimsa