Васев: Расипништвото на Заев и Ангеловска продолжува, за една недела граѓаните и државата се задолжени за над 102 милиони евра

Интегрален текст од изјава за медиуми на Светислав Васев

Почитувани,

Нина Ангеловска, по директна наредба на Зоран Заев денеска ја задолжи државата за нови 40 милиони евра. Со тоа за една недела задолжувањата достигнаа над 102 милиони евра.

Додека граѓаните тонат во сиромаштија, власта се расфрла.

Во време кога се најавува  ново полнење на државната администрација со над 3000 вработувања како дел од коалицискиот договор помеѓу партнерите на власта, буџетот распидно се оптеретува.

Јавноста мора да знае дали парите од задолжувањето ќе се трошат за намирување на 3000 вработувања во државната администрација?

Дали граѓаните и голем број идни генерации ќе треба да го плаќаат полнењето на јавната администрација?

Доколку направиме една едноставна математика дека овие 3000 вработувања ќе земат основна нето плата од 25.000 денари доаѓаме до сума од над 14 милиони евра која што ќе треба државата годишно да ја одвојува само на име нето плата, несметајќи ги тука придонесите за пензиско и социјално осигурување, со нив бројката ќе биде многу поголема.

Почитувани,

Попусти се сите обиди за поткуп на гласачите. Граѓаните не го одобруваат расипништвото на СДСМ.

Граѓаните бараат работа и чесен пристап.

Граѓаните и државата не се должни да ја трпат неодговорноста и неработата на власта. Потребни се предвремни парламентарни избори за пад на оваа ненародна власт.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...