Тимови на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја спроведат акцијата „Разговори за обнова на Македонија“

Соопштение до јавноста

ВМРО-ДПМНЕ во период од 27.09.2019 година до 12.12.2019 година ќе ја спроведе акцијата „Разговори за обнова на Македонија“ со која тимови предводени од највисокото раководство на партијата ќе ги посетат сите поголеми населени места во Република Македонија.

Акцијата почнува со посета на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, д-р. Христијан Мицкоски и членот на ИК Ане Лашкоска на Битола, на ден 27.09.2019 година.

Посетите продолжуваат на 28.09.2019 година, кога тим предводен од членовите на ИК  на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска и Трајко Славевски ќе го посетат Петровец, додека тим предводен од Коце Трајановски ќе биде во посета на Чаир.

Акцијата има цел граѓаните да можат одблиску да  ги кажат  своите проблеми и потреби, кои подоцна ќе бидат преточени во програмски решенија на партијата.

Република Македонија се наоѓа во тешка ситуација, заглавена во тежок криминал, корупција и рекет. Владеењето на правото е на последно место, а економијата тоне.

Состојбата на апатија и безнадежност мора да заврши. За таа цел се потребни итни предвремени парламентарни избори за пад на СДСМ.  По падот на власта на Зоран Заев следува обнова на Македонија, во секоја пора на општеството.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...