Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Билет за едно возење во ЈСП уште едно неисполнето ветување на Шилегов

Соопштение до јавноста од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје

Иако беше најавено дека од овој месец во автобусите на јавниот градски превоз на патници се враќа хартиениот билет за едно возење, тој сè уште не е воведен. Оваа најава е уште од април годинава, но билетите ги нема. Беше дури и споменато дека пробното тестирање ќе се изврши во текот на летото, но ништо од тоа.

Се работи за тендер вреден над 2 милиони евра, и граѓаните се уште немаат можност за ваков начин на возење во градскиот сообраќаен превоз.

Неспособноста на Шилегов го гуши развојот на Скопје.

Билетот за едно возење во ЈСП уште едно неисполнето ветување на Шилегов. И додека крадоначалникот Шилегов не ги исполнува своите ветувања тоа не му пречи да го продолжи трендот на нови партиски вработувања во ЈСП. Согласно програмата за вработување таму до крајот на годината се предвидуваат нови 170 партиски вработувања кои ќе бидат на грбот на граѓаните на Скопје платеми со народни пари.

2 години крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал, неработа.

 

  Со почит,
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...