Одговори на новинарски прашања на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Одговори на новинарски прашања на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање:СДСМ штотука повика на нов политички дијалог околу Законот за обвинителство, велат дека се задоволни од тоа што постапките на СЈО продолжуваат, но дека е неопходен закон за обвинителство за право и правна држава на којашто и вие се повикувате. Ќе го прифатите ли овој предизвик, имајќи предвид дека вчера работните групи не ни имаа практично средба туку го  прекинаа со состанокот со образложение дека имаат различно толкување околу тоа што се случувало?

            Одговор: Видете право и правдина на СДСМ им се слаба страна и на владава. Во однос на вчерашната средба би сакал да ви откријам еден момент, тоа е делот околу предлогот на министерката, Рената Дескоска којашто дошла на средбата, можеби и на некој начин неподготвена односно со спротивен предлог од тој што бил претходно разговаран на лидерската средба односно предлог којшто е доставен до Собранието на Република Македонија. Практично со тоа сака да добие повеќе на време.И Дескоска и Зоран Заев и СДСМ да се одолговлечи целиот процес на носење на нов закон и воедно да овозможи уште еден мал период кадешто можеби на некој начин ќе успее да издејствува некакво амнестирање на криминалите коишто ги прават во моментот СДСМ.Нормално за нас е неприфатливо да се доаѓа на средба кадешто се водат преговори за еден така сериозен закон со несериозен пристап и кадешто носи истата министерка којашто поднесува закон сосема спротивен предлог на вчерашната средба.Затоа еве оставаме простор, оставаме и можност доколку се искрени во намерите, повторно не е проблем да се седне, меѓутоа да се разговара за онашто беше претходно разговарано на лидерската средба и да се разговара до оној момент до кадешто беше усогласено помеѓу работните групи.

Прашање:Блиску сте или не сте блиско до договор?

Одговор: Па после вчерашната средба кадешто министерката Дескоска доаѓа со спротивен предлог од оној што таа го предложила односно две различни обвинителства за гонење на висока корупција со одредени надлежности, а практичнои беше согласено и прифатено да има едно обвинителство за гонење на висока корупција, очигледно е дека многу се различни ставовите односно многу сме далеку.Затоа какошто реков оставаме простор доколку се освестат и пристапат сериозно кон преговориве да продолжат практично преговорите од онаму од каде што застанаа.

Прашање:Околу вчерашната информација односно изјава на  Верушевски во суд, коментар на партијата, кој е ставот?

 Одговор: ВМРО-ДПМНЕ многу одамна наназад со години потенцираше, јавно изјавуваше, укажуваше дека Зоран Заев е подготвен буквално на се, буквално да манипулира, да лаже, да модифицира се со една цел тоа е да се дограби до власта. Кога ќе се дограби до власта, тоа е единствено само заради личен бенефит на семејството Заеви, односно само заради печалење пари и крадење.И тоа ние го зборуваме неколку години наназад дека беше подготвен на се, само за да дојде на власт. И еве неколку години подоцна работите излегуваат на виделина дека тоа е така, дека практично и скандалите  коишто  наназад неколку години излегуваа дека власта е вмешана во криминал семејството Заеви е вмешан во криминал се потврдува дека се што правел, правел единствено само за Зоран Заев да дојде на власт и да го прави сето тоа, тоа го потврди и нормално сведок на обвинителството коешто го води тој случај односно го потврди сведок на јавен обвинител којшто работеше во СЈО.

Прашање:Еден дел од содржината беше потврдена и од самите осомничени подоцна и обвинте и вештачењето покажа дека има конзистентност во снимките и дека не се до толку сечени, лепени, монтирани.Дали вие велите дека се што било на снимките е лага?

Одговор:Видете, затоа е створено тоа СЈО да утврди правдината или криминалот каде што има простор да се утврди, односно за оние случаеви за коишто постојат снимки.Снимките требаше да бидат обработени од страна на СЈО, кое што видовме дека служело за рекет и за уцени, наместо да ги обработи и да донесе право и правдина. Затоа би оставил на правосудните органи да утврдуваат, јас само би прокоментирал дека сето она што го зборевме изминатиот период, односно години наназад, дека Зоран Заев е подготвен и да модифицира и да манипулира и се што треба да направи само за да дојде до власта и единствено да створи личен бенефит за своето семејство.

Прашање:Ве обвинуваат дека Орце Камчев ви ја финансирал претседателската кампања?

Одговор:Веќе одговоривме на тоа прашање. Власта може буквално се што сака да каже јавно, да постави како прашање.Тоа е само со една единствена цел, тоа е да дефокусира од вистинската тема од вистинската работа која што се случува во моментов, а тоа е најголемиот скандал кој што во моментов се случува случајот „Рекет“, за кој што како што напоменавме можно е да има повеќе, еве излезе и втор дел на „Рекет“, а можеби има и други. Така да, единствено што им е намерата на СДСМ и на власта е да дефокусираат од она во кое што се фатени живи, а тоа е дека се фатени во најголемиот случај на „Рекет“, односно главата на октоподот се наоѓа во врвот на СДСМ и во врвот на власта.

Прашање:Која е целта на власта?

Одговор:Веќе одговоривме, имаше одговор на тоа. Уште еднаш ќе ви потврдам дека единствено со тие прашања со тие изјави пробаа да манипулираат како и се останато, да спинува, а да дефокусира од актуелниот случај.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...