Владата на Заев покажа дека нема капацитет да ја развива и гради економија

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Лидија Тасевска

СДСМ  ги лаже граѓаните. Манипулација е дека власта ги враќа парите кај граѓаните, власта им зема повеќе пари на граѓаните преку даноци, за потоа популистички да се фали дека враќа дел од тоа.

Ако власта навистина сака да врати повеќе пари кај граѓаните, таа ќе ги намалеше даноците.

Наместо намалување на даноците имаме зголемување.

Прогресивниот данок, зголемувањето на акцизите и другите давачки кои ги наметнува власта се товар за граѓаните. Преку нив повеќе зема, отколку што подоцна враќа преку мој ДДВ.

Наместо популистички мерки, вистинската улога на државата е преку градење на силни институции, функционална инфраструктура, квалитетно образование, подобро здравство, вистинска поддршка на приватниот сектор, поттикнување на иновации и претприемништво, да ги зголемува капацитетите на реалната економија, да го подобрува животниот стандард и да креира подобри услови за живот на граѓаните.

Оваа неспособна Влада на чело со Заев покажа дека нема капацитет да ја развива и гради економија на одржлива и реална основа што ќе значи поголем благодет за граѓаните.

На антибизнис и ненародните политики на власта им доаѓа крајот. СДСМ е пред заминување, граѓаните нема да треба уште долго да го трпат овој терор. Време е за предвремени парламентарни избори. Време е за пад на СДСМ.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...