Васев: Власта за една недела ја задолжи Македонија за над нови 102 милиони евра

Интегрален текст од изјава за медиуми на Светислав Васев

Почитувани,

Уште не се исушило мастилото од потписот на министерката за финансии Нина Ангеловска од последното задолжување од 62 милиони евра, а веќе се најавува ново задолжување од најмалку 40 милиони евра.

Повторно Заев наредува, а Нина исполнува. Во вторник 24 септември Министерството за финансии преку аукција на државни хартии од вредност ќе ја задолжи државата за најмалку 40 милиони евра. Со тоа министерството за финансии и владата под директна контрола на Зоран Заев ќе ги задолжи граѓаните за 102 милиони евра за една недела.

Повторувам, 102 милиони евра за една недела, а ефект од тоа граѓаните и државата не гледаат.

Јавниот долг веќе надминува 5,3 милијарди евра,  ништо од тоа нема. Капитални инвестиции се кратат, нема проекти, нема нови мерки. Граѓаните се се посиромашни.

Капиталните инвестиции од почетокот на годината до јули изнесуваат само  24,5%. Повторувам само 24,5% за повеќе од половина година.

Да биде пострашно овие огромни задолжувања се случуваат во период  кога уште погласно се зборува за нови 3000 вработувања во јавната администрација кои доаѓаат како последица на коалициски договор помеѓу партнерите од власта. Тоа се нови 3000 вработувања со кои што треба да се мотивираат и онака членовите на апатичната власт да излезат на избори.

Ете затоа Македонија тоне во рекет, корупција и криминал, затоа гледаме како луѓе се иселуваат и ја напуштаат државата.

Заради нивното расипничко однесување економијата е во колапс и се случува крах и во образованието, здравството, земјоделието, се случува крах во секоја една пора во општеството. Македонија се празни, а се полнат Луј Витон торбите на функционерите од власта.

На оваа власт во заминување ќе одговара за се и пред законот и пред народот.

Време е за смена на СДСМ, време е за предвремени парламентарни избори. Потребна е обнова на Македонија.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...