Криминалнта влада на Зоран Заев и СДСМ ја потона Македонија во афери и корупција

Соопштение до јавноста

Криминалнта влада на Зоран Заев и СДСМ ја потона Македонија во афери и корупција.Сите светски медиуми наместо за нови достигнувања пишуваат за Македонија  како за мека на криминалот, рекетот и корупцијата.

Аферата Рекет која власта се обидува со сите сили да ја заташка со помош на нејзините пипци во ЈО  го наруши меѓународниот углед на земјата.

Дополнително аферата Рекет 2, која сега излегува на површина исто така постојат обиди од власта да се минимизира.Властите наместо да реагираат и да го расчистат случајот  организираат бледи пресконференции за одбрана на криминалот.

Рекет е само кулминација на сиот криминал кој се случува  со години во Македонија под водство на Зоран Заев.

Три години нема бизнис кој не е изрекетиран. Јатаците на Заев прават ршум низ Македонија.

Генералниот секретар на владата, Драги Рашковски се уште е на слобода, а има сомнеж за сторен криминал од 1.8  милиони евра.

Истрага нема ниту за сомнителната распределба на пари преку Фондот за иновации, ниту пак за епидемијата на непотизам.

Постојано се појавуваат некој нови криминали.Криминал прави секој функционер на власта, на сите нивоа на истата.

Оваа криминална влада мора час поскоро да си замине. СДСМ  мора да си оди. Потребни се предвремени парламентарни избори.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...