Власта на СДСМ три години не сработи ништо за граѓаните, само запаѓа во криминал

Зоран Заев и СДСМ се синоним за криминал и корупција. Власта на СДСМ три години не сработи ништо за граѓаните, само запаѓа во криминал.

Епидемијата на непотизам беше еден од првите скандали кои ја потресе јавноста, а со кој излезе на површина криминогеното лице на власта. Роднини од поблиска и подалечна фамилија беа вработувани во јавната администрација, само затоа што се во роднинска врска со партиски и државни функционери.

Криминалиите продолжија и со Фондот за иновации, од кој беа двоени милиони за партиски подобни луѓе, кои за измислување на топла вода добиваа неколку стотина илјади евра.

Рашковски и криминалот со Леонардо само ја прелеаја чашата. Дрскоста да се бара мито и да се прекршуваат процедури стана синоним за власта.

Зоран Заев ја обрука државата и со пранкерскиот скандал, со кој цела година одавал сензитивни информации на комедијанти.

Дека криминалот е основен начин на владеење на СДСМ покажа и аферата Рекет, која обелодени дека со години во Македонија се уценувани бизнисмени.

Заев владее само со криминал. Граѓаните не видоа ништо позитивно од владеењето на СДСМ. Оваа власт мора да си замине. Потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...