Трипуновски: Трајане, Љупчо, Зоране додека вие ја пустошите државата се повеќе земјоделци ги оставаат нивите и се иселуваат од државата

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Цветан Трипуновски-член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Криминалците и СДСМ се две различни лица на една иста паричка. Зоран Заев и Љупчо Николовски ги ставаат криминалците кои ги ограбуваат земјоделците да управуваат со земјоделската политика во државата.

Кире Неделковски наместо во притвор за проневера тешка 300.000 евра, пари украдени од тутунарите, Заев и  Николовски го поставија на функција.

Додека земјоделците со скинати патики газат  по нивите на жешкото сонце, Кире Неделковски кој украде скоро 300.000 евра од Сојузот на тутунопроизводители е поставен за член на УО на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

Не му се доволни 300.000  евра, па сега  зема уште 10.000 денари месечно од граѓаните на Македонија.

Почитувани,

Ова е документот потпишан лично од Зоран Заев за поставувањето на Кире Неделковски на позицијата член на УО на агенцијата која треба да го поттикнува и унапредува  земјоделието во Република Македонија.

Наместо стручњаци и лица кои си ја познаваат проблематиката Зоран Заев и Љупчо Николовски на позиции поставуваат луѓе чија единствена квалификација е тоа што успеале да ги украдат земјоделците и да го оштетат напатениот народ на Македонија.

Трајан, Љупчо и Зоран ова е причината поради која земјоделците излегуваат на протести. Ви се обраќам на тројцата затоа што Трајан е ваш пулен кој што е исплашен па мора да го брани Љупчо Николовски, кој до сега е најнеуспешниот министер за земјоделие во Република Македонија

Трајане, Љупчо, Зоране на земјоделците им е преку глава од вашите криминали и криминалци. Додека вие ја пустошите државата се повеќе земјоделци ги оставаат нивите и се иселуваат од државата. Време е да си заминете.

Земјоделците ќе ве казнат  за сите погубни политики кои што ги водевте  во изминативе три години. На СДСМ му се гледа крајот, време е за обнова на Република Македонија.

 

 

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...