Стоилковски: Филипче се крие, Дончев манипулирам истрагата за Рекет 2 не смее да се забошоти

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани, цела недела откако експлодираше аферата Рекет2, Венко Филипче никаде го нема.

Министерот Филипче има кривична против него, по кој знае кој пат има афера за криминогени дејства, овој пат се споменува во Рекетирање, ама тој не чувствува потреба да излезе во јавноста.

Колкава ли сигурност за недопирливост му е всадена, што ли е пораката од Главата на Октоподот за ваква леснотија на министерувањето на Филипче?

Така ли е Филипче? „Не се секирај за ништо се ќе биде ОК“?

Почитувани, истрагата за Рекет2 не смее да биде забошотена. Ден Дончев и Венко Филипче мора да си поднесат оставки затоа што од позиција на моќ може да влијаат врз работата на истражните органи, може да влијаат врз докази и сведоци.

Истрагата за Рекет2 не смее да тапка во место. Мора брзо да ги даде одговорите:

  1. Дали зад намерата на Ден Дончев и на Венко Филипче да се сопре продажбата стои изнуда на пари и месечни транши кај благајник со брада во струмичко?
  2. Дали Дончев комуницирал или на некој начин бил во контакт со Зоран Милески Кичеец?
  3. Дали преку него е вршен притисок приватна успешна компанија да биде продадена на лице по волја и избор на Дончев? Дали и за тоа мотивот се месечни транши кај благајник со брада во струмичко?
  4. Зошто ако имало криминал ФЗОМ продолжил со соработката со компанија за која се сомнева дека има криминал?
  5. Кој е благајникот со брада во струмичко?
  6. Дали е злоупотребена и вмешана Управата за финансиско разузнавање?
  7. Дали зад истрагата за наводен криминал и смрзнувањето на капиталот на приватен бизнисмен не стои рекетирање и зошто нема никакви резултати од таа истрага и по година дена?
  8. Дали Зоран Заев бил запознаен со притисокот врз приватниот бизнисмен и доколку е запознаен, дали го аминувал односно зошто не го пријавил Рекет2 кај Рускоска?
  9. Дали македонското МНР и Никола Димитров биле запознаени за Рекет2 од странски дипломат и во тој случај зошто тоа го пријавил кај Рускоска?

 

Почитувани,

Ден Дончев е познат на јавноста и на правосудните органи заради вмешаност во трансакции кои беа дел од процеси.

Венко Филипче за две години министерување зад себе има низа на криминогени афери за сомнителни тендерски постапки, како крвави тендери, одобрени договори со семејни компании на директори на клиники,  постапки кои го девастираа здравството. Зоран Заев е неколкукратно амнестирано лице за криминал и корупција. Истрагата мора да биде професионална и да докаже дали има злосторничко здружување.

Почитувани,

Рекет2 е ново продолжение на Рекет1, на Леонардо, на случаи на висока корупција на државната мафија, на октоподот на власт. Во Македонија  економијата живее во страв од секојдневни нови рекетирања испорачани од власта.

Тоа мора да запре, мора да има одговорност, мора да има правда. Со државната мафија на власт тоа е невозможно.

Неопходни се предвремени избори, за Македонија да биде држава каква што народот заслужува. Горда, исправена, силна, напредна и праведна.

 

 

 

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...