Донев: Нереалните ветувања на СДСМ доведоа до огромни разочарувања

Интегрален текст од изјава за медиуми на Горјан Донев

Почитувани,

УМС изминативе денови посети голем број комитети низ држвава Состојбата насекаде низ државава е катастрофална, младите се разочарани.

Погубните политики на СДСМ доведоа до масовно иселување на младите од Македонија. 80 проценти од младите размислуваат да се иселат од државава, а секој трет образован човекја напушта државава.

Секојдневно сме сведоци како илјадници млади се збогуваат со нивните семејства. Тие среќата ја бараат во другите држави каде знаат дека нивниот труд ќе биде соодветно награден.

Стандардот на живеење во Република Македонија е најнизок во Европа. Партизацијата, корупцијата и криминалот кои ги наметна власта се главните виновници за катастрофалната ситуација во која се затекнати младите лица.

Младите немаат доверба во институциите, младите немаат подобар животен стандард .Нема инвестиции во образованието. Студентските домови пропаѓаат. Нема изградба на нови спортски објекти

Не реалните ветувања на СДСМ доведоа до огромни разочарувања.Ветување за Живот за сите се претвори во Живот само за блиските до власта. Нема никакви младински политики. Невработеноста кај младите е највисока во Европа.

За напредок во кариера е потребна партиска книшка на СДСМ. Ова мора да се промени. За младите мора да се обезбедат подобри услови но СДСМ не сака и нема капацитет да испорача ги подобри услови за иднината на младите во Македонија.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...