Најголема демагогија и популизам е Владата да прибира повеќе пари од граѓаните за да подоцна каже дека нивните пари ќе им ги враќа назад

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Фатмир Битиќи

Тезата дека оваа влада ги враќа парите кај граѓаните е историска манипулација. Најголема демагогија и популизам е Владата да прибира повеќе пари од граѓаните за да подоцна каже дека нивните пари ќе им ги враќа назад.

Доколку влада навистина сака повеќе пари да завршат кај граѓаните таа ќе ги намали даноците и другите давачки и со тоа автоматски кај граѓаните ќе остануваат повеќе пари.

Наместо да преземе вистински мерки, владата на СДСМ ги зголеми даноците, акцизите и придонесите  со што втора година по ред носи историски најголем буџет за да покасно преку популистички мерки како мој ДДВ, субвенционирање на придонесите и други социјални мерки се обидува да креира слика дека наводно се грижи за граѓаните.

Наместо популистички мерки, вистинската улога на државата е преку градење на силни институции, функционална инфраструктура, квалитетно образование, подобро здравство, вистинска поддршка на приватниот сектор, поттикнување на иновации и претприемништво, да ги зголемува капацитетите на реалната економија, да го подобрува животниот стандард и да креира подобри услови за живот на граѓаните.

Оваа неспособна Влада на чело со Заев покажа дека нема капацитет да ја развива и гради економија на одржлива и реална основа што ќе значи поголем благодет за граѓаните.

На лошите политики на власта им доаѓа крајот. СДСМ не ја ужива поддршката кај граѓаните. СДСМ  ќе изгуби на следните предвремени парламентарни избори.

Доаѓа нова енергија која ќе ја поведе земјата по вистинскиот пат кој ќе значи поголем економски просперитет за сите! Доаѓа време за обнова на Македонија.

 

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...