Трипуновски:Функционерот на СДСМ, Кире Неделковски проневерил 300.000 евра од Сојузот на тутунопроизводители! Завршиле ли парите на Илинденска!?

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Цветан Трипуновски-член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Кире Неделковски, поранешен функционер на СДСМ и близок човек на Зоран Заев и Оливер Спасовски проневерил скоро 300.000 евра, пари од Сојузот на тутунопроизводители, префрлајќи ги од сметката на здружението на своја лична сметка и на сметки на нему блиски лица.

Ова се изводите од банкарската жиро сметка на Сојузот, од кој јасно се гледа патот на парите. Во период од 01.01.2018 година до 01.10.2018 година од сметката на Сојузот на сметка на пријателот на Зоран  Заев и Спасовски, Кире Неделковски се префрлени 5.544.600 денари.

Криминалот на Заев, Николовски и Спасовски, Кире Неделковски започнал во 2017 година, во период од 21.09.2017 година до 27.12.2017 година Неделковски си префрлил 1.099.500 денари.Тоа можете да го утврдиме од следниот извод на банкарската сметката на Сојузот.

Криминалот го потврдува и Надзорниот одбор на Сојузот, кој во овој Извештај од 18.10.2018 година, утврдил дека Неделковски во својство на претседател на Сојузот предизвикал финансиска штета во 2018 година, од околу 9.000.000 денари, по што Неделковски е разрешен.

Неделковски шемата за испумпување на пари ја правел и преку свои блиски лица, па така од сметката на Сојузот ги полнел џебовите и делел позајмици на својот зет за ќерка, како и на неговите блиски пријатели.

Криминалот не завршува тука. Откако Надзорниот одбор го разрешува Неделковски, тој во два наврати се враќа на позицијата претседател на Сојузот, затоа што Централниот регистар на Република Македонија под притисок на власт не сака да го впише како официјален потписник новоизбраниот претседател. Со што му се овозможува на Неделковски да проневери дополнителни  9 .000.000 денари од здружението.

Овој огромен криминал тежок 300.000 евра две години чека на разрешница од Јавното Обвинителство и за органите на гонење на финансиски криминал. Сојузот на 18.10.2018 година поднел и кривична пријава против Кире Неделковски, но реакција во однос на истата нема.Наместо во притвор Неделковски е во слобода и поради нереагирањето на власта му било овозможено да го повтори делото.

Сојузот на 09.02.2019 година, пишал и Известување адресирано лично до премиерот Зоран Заев, тогашниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски, Државниот инспекторат за земјоделие, Централниот регистар на Република Македонија и Сојузот на стопански комори. Реакција од ниту една институција нема.

Почитувани,

Што прават Финансиската полиција, Управата за финансиско разузнавање и Јавното Обвинителство повеќе од две години? Дали за Неделковски не важат законите само затоа што е функционер на СДСМ, и близок до Заев, Николовски и Спасовски?Или можеби дел од парите завршиле на „Илинденска“ па затоа се молчи!?

Со парите на земјоделците не смее никој да си игра. Овие 300.000 евра се пари на сите тутунари, заработени со многу труд и пот. Јавното Обвинителство веднаш да поведе постапка, сите вмешани да бидат соодветно санкционирани, а парите да им бидат вратени на земјоделците во Сојузот на здружението.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...