Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: На повидок нов скандал, дали Шилегов ќе ја отуѓува на приватна компанија новата градска куќа?

Соопштение до јавноста

Почитувани,

Крадоначалникот Петре Шилегов пред нова бонбона бизнис типична за власта.

Сомнежите се дека Градот Скопје по насока на Шилегов преземал подготвителни активности за отуѓување на новата градска куќа која е во завршна фаза на атрактивна локација во центарот на градот до плоштадот Македонија. Според нашите информации, зградата платена од парите на скопјани која е во завршна фаза, со набавена современа опрема за административно работење, ќе биде отуѓена и истата треба да припадне на извесна приватна компанија. За возрат Градот Скопје ќе добие постара зграда. Значи неформалните информации говорат дека Шилегов ќе трампа нова зграда за неколку децении постара зграда.

Оттука Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје отворено прашува:

-Дали е вистина дека Шилегов влегува во нов бонбона бизнис при што ќе ја отуѓи новата градба која беше наменета за градска куќа, и тоа за возрат на неколку децении стара градба?

-Дали зад ваквата бизнис зделка стојат и приватни и лични интереси, со други зборови дали Шилегов принципот „евро за евро“ од Струмица го презема и унапредува среде Скопје?

-Ако ова е вистина, тогаш зошто оваа бизнис зделка на Шилегов се држи зад затворени врати и во тајност, далеку од очите на јавноста?

-Дали крадоначалникот Шилегов ги праша скопјани за ваквиот потег?

Бидејќи се работи за интересот и парите на граѓаните, наместо крокодилски солзи очекуваме конретни одговори.

Две години крадоначалник Шилегов, две години лаги, криминали, неработа!

 

  Со почит,
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...