Одговор на новинарски прашања на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Одговор на новинарски прашања на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање:Дали има преговори за законот за јавното обвинителство дали има закажани средби?

Одговор на новинарско прашање:Динамиката на средбите во однос на изготвувањето пронаоѓањето на заеднички текст прифатлив за сите за јавното обвинителство зависи од предлагачот од Министерството за правда. Ние сме подготвени тоа сме го кажале и покажале и досега да учествуваме активно да дадеме свој придонес за што подобар поевропски и постабилен закон за јавно обвинителската сфера кој што во никој случај нема да значи амнестија за учесниците во Рекет.

Прашање:Колку беше оптимистичка изјавата на Туск во врска со датумот за преговори. Како вие го коментирате?

Одговор на новинарско прашање:Видете датумот за почеток на преговори не зависи од оптимистички изјави туку од она што државата кандидат ќе го испорача. Прашањето кое што беше поставено минатата година кога Зоран Заев и неговата свита лажеа дека Македонија добила датум и дека никогаш повеќе европските институции нема да се навраќаат на тоа дали ќе определуваат датум за почеток на преговорите за Република Македонија беше и справување со високата корупција и справување со администрацијата и воопшто справување со криминалот во државата. Колку што знаеме во овој дел апсолутно нема ништо сработено , напротив оттогаш досега се отворија голем број на криминални случаи на висока корупција кои што не само што тапкаат во место туку гледаме дека државната мафија и октоподот се обидуваат да ги спасат да не ги спомнувам тука се од „Тополки“, „Леонардо“, „Рекет “голем број на физички напади од страна на функционери на СДСМ како случајот со градоначалникот со  Шуто Оризари кој што не добиваат никаква завршница. Оттука за жал сметам дека и оваа година позитивните мисли, желби изразени чувства нема да влијаат за Македонија да добие датум и да оттпочне преговори. ВМРО ДПМНЕ прави се што е во нејзини рамки процесот да оттпочне  бидејќи тоа е еден консензус кој што го имаат постигнато сите политички партии и консензус кој што се темели врз желбата и потребата на граѓаните на Република Македонија.

Прашање:Ваш конечен став ќе има или ќе нема датум?

Одговор на новинарско прашање: Не може да определиме тоа што го гледаме е дека власта не испорачала она што се бараше од неа. Апсолутно не може да се предвиди.

 Прашање:Вчера инициравте Анкетна Комисија за проверка на работата на СЈО сметате ли дека пратениците од другите политички партии власта и мнозинството во парламентот  дека ќе ја прифати оваа иницијатива на ВМРО ДПМНЕ за да се провери работата на СЈО и непотизмот?

 Одговор на новинарско прашање:Непотизмот за кој што постојано укажувавме во однос на вработувањата во однос на делувањето на СЈО се однесува на партијата на власт и токму на СДСМ на мнозинството во парламентот. Околу тоа дали ќе го прифатат останува на тоа дали навистина се борат за правна држава или за криење и понатаму на  туркање на октоподот и државната мафија. Бидејќи се е тоа еден круг маѓепсан круг.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...