Арсовски: Со денешното задолжување од 61 милиони евра, Нина Ангеловска ќе стане министерка чиј прв проект е задолжување на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Денес е денот кога Заев и Нина Ангеловска ќе ја задолжат државата за нови над 61,7 милиони евра.

Нина Ангеловска со потпишување на денешното задолжување од над 61,7 милиони евра ќе стане министерка чиј прв проект е единствено задолжување на граѓаните и ништо повеќе.

Долгот на државата вртоглаво расте секој ден, а економијата тоне се повеќе од ден на ден. Нема реализација на капитални инвестиции, нема покачување на животен стандард, нема ниту еден проект кој е од корист на граѓаните.

Никој не знае каде се трошат парите на граѓаните.

Во моментов реализацијата на капиталните инвестиции е само ¼ од предвиденото, странските директни инвестиции се само 48.7 милиони евра, а над 500.000 граѓани секој ден живеат на прагот на сиромаштијата.

Дали е свесна министерката Ангеловска што ќе потпише денес по наредба на Зоран Заев?

Накратко, денес таа ќе потпише уште повеќе да осиромашат граѓаните и државата, а се повеќе да се збогатуваат криминалниот картел на власт.

Јавниот долг ги пробива психолошките граници од над 50% од БДП.

Очајната економска политика на СДСМ и ЗОран Заев ја опустоши и исели Република Македонија. Секојдневно стотици граѓани си заминуваат и повеќе не се враќаат назад.

Милионските тендери за цвеќиња, лубриканти, мебел и службени возила само ги докажуваат расипничките намери на власта, наместо власта  да гради и реализира во корист на граѓаните што и е единствена нејзина работа.

Ова лудило мора да престане.

Македонија е на работ на бездната. Заев, Ангеловска и целата власт мора веднаш да прекинат со овие беспредметни задолжувања.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...