Јаулески:Младите се срамат од Заев и малата тесна клика која го брани

Интегрален текст од изјава за медиуми на Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Младите се срамат од Заев и малата тесна клика која го брани.

Зоран Заев е синоним на антиевропски вредности. Нема аспект од општеството кое власта на Заев не успеа да го урниса и поради кое младите чувствуваат потреба да ја напуштат државата. Владеењето на правото го претворија во самоволие на власта.

Правдата ја направија достапна само за оној кој има конекции со власта.

Здравството го претворија во луксуз само за тие кои имаат пари, а такви се се помалку.

Образованието се обезвреднува, а училиштата се претвораат во места за насилство и неморал.

Пораката која што власта на Заев им ја дава на младите е дека рекетот, криминалот и корупцијата се  единствениот успешен бизнис кој може да го направат во Македонија.

Првата асоцијација која Заев им ја дава на младите кога ќе спомне Европа е принципот Евро за Вицето.

Тоа само уште неколку послушници на Заев од редовите на СДММ  го глорифицираат, затоа што се одлепени од реалноста која ја живеат младите. Тие се гордеат со тоа од кое чесното членство на СДСМ, како и мноштвото граѓани во Македонија се срамат.

Функциите и дебелите хонорари на дежурните адвокати на Заев ги заслепиле и не гледаат дека над 80% од младите сакаат да ја напуштат државата, дека студираат за да заминат во странство, дека имаме огромна невработеност кај младите од 47%, а 140 илјади млади се сиромашни.

Тоа се поразителните факти кои СДСМ и СДММ нема никогаш да ги признаат и поради кои младите се иселуваат од родната земја за да дојдат до Европа и подобар живот.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...