ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголемува платите на работниците, а во тоа ќе може да се увери многу брзо по паѓањето на криминално рекетарска влада на Зоран Заев

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголемува платите на работниците а во тоа ќе може да се увери многу брзо по паѓањето на криминално рекетарска влада на Зоран Заев.

Но она што сега е загрижувачки е тоа што власта предводена од аболицираниот криминалец Зоран Заев која секојдневно ги ограбува граѓаните нуди гол популизам наместо проекти кои ќе донесат вистински развој на македонската економија.

СДСМ и Заев најпрво ги зголемија давачките и даноците во Република Македонија за да сега манипулираат со мерки кои ќе доведат до уште поголем грабеж.

Единствено корист од ова арамиско владеење имаат само блиските компании до СДСМ кои прават криминал и за истото сега ќе бидат и наградени со 120 милиони евра народни пари за легализирање на незаконската активност плата во плико.

Повеќе од јасно е дека СДСМ не мисли на работниците  туку само за лично богатење врз грбот на граѓаните. Со оваа мерка бенефит ќе имаат оние компании на власта кои прават криминал и се во надредена позиција над сите компании кои ги почитуваат законите.

Додека над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, функционерите на власта и блиските до Заев постојано се богатат врз грбот на граѓаните преку местени тендери, грантови и рекетирање на бизнисите во државата.

СДСМ и Заев донесоа беда и што побрзо си заминат толку побрзо ќе се крене стандардот на граѓаните и ќе се обнови македонската економија.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...