Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: 2 години Крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал и неработа

Соопштение до јавноста од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје

Почитувани,

Петре Шилегов е две години на чело на градот Скопје и наместо градоначалник ја презема улогата на крадоначалник кој не реши ниту еден клучен проблем на скопјани.

Главен фактор зошто скопјани дишат и понатаму најзагаден воздух во Светот е неспособноста на Шилегов и Владата на Заев да преземат клучни мерки против загадувањето. Наспроти ова Владата средствата кои ги одвојува за намалување на загадувањето со ребаланс на буџетот ги скрати, а Шилегов за сето ова молчи и го одобрува.

Јавните градски претпријатија бележат загуби, а наспроти тоа за две години крадоначалникот Шилегов вработи над 1000 партиски војници на терет на скопјани.

Не отпочна ниту заврши изградба на барем еден булевар. Ветувањата на Шилегов останаа само на хартија. Шилегов вети и не оствари продолжување на булеварот Илинденска, вети и не оствари спуштена раскрсница кај Мавровка, продолжување на булеварот св „Климент Охридски“, вети и неоствари проширување на булеварот „Никола Карев“, вети и не оствари продолжување на булеварското решение на Словенечка, вети и неоствари решавање на проблемот со кучињата скитници, вети и неоствари гасификација на Скопје, вети и неоствари ревитализација и заживување на Езерото Треска, вети и неоствари нова зграда на Универзалната сала, вети и неоствари ново средно училиште „Кочо Рацин“ во Ѓорче Петров, вети и неоствари ботаничка градина во Карпош…

Крадоначалникот Шилегов наместо работа се занимава со крпење на улици, зад кои стои сомнеж за дебела заработка и провозии за компании блиски на власта.

Крадоначалникот Шилегов е срам за Скопје и скопјани. 2 години Крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал и неработа.

 

  Со почит,
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...