Одговори на новинарски прашања на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Утре престанува мандатот на останатите обвинители од СЈО, предметите се селат во јавното обвинителство, кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ, дали сметате дека е потребно да се донесе законско решение, а потоа предметите да  се пренесат?

Одговор: Во однос на ова прашање ние уште од поодамна апелиравме до Зоран Заев и до Рената Дескоска дека е многу важно што побрзо да се донесе законот за јавно обвинителство бидејќи во моментов не функционира правната држава и треба да се донесе закон кој треба да ја профункционира правдата во Република Македонија.

Во однос на целата оваа ситуација каде што СЈО и целата власт на Заев се заглавени во еден криминален рекетарски октопод многу е важно да се донесе закон преку кој ќе може веднаш потоа откако ќе се избере нов шеф на тоа ново обвинителство, да се истражат сите овие случаеви, да се истражи актуелниот рекетарски октопод, можеби најголемиот случај во историјата на Република Македонија и веднаш потоа да се истераат и сите останати предмети.

Во моментов единствено гледаме дека Заев и СДСМ и Дескоска не им важно да се почитуваат законите и Уставот, туку единствено им е важно по своја желба да манипулираат во правосудството и да се обидат да се амнестираат од целиот криминал кој што го прават во моментов.

Прашање: Министерот за здравство, Венко Филипче најави јавна дебата за потпишување на јавно приватно партнерство за брзата помош?

Одговор: Во однос на Венко Филипче неколку пати сме напоменале, министерството за здравство во моментов е претворено во приватна интситутција. Гледаме како се делат тендери, гледаме како се делат приватни партнерства на блиски луѓе на Венко Филипче, на блиски луѓе на СДСМ. Гледаме дека во моментов во министерството за здравство се случува историски најголемиот тендер кој што го објавуваат од половина милијарда евра за Клиничкиот центар.

Коментарот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на јавната дебата на Венко Филипче е дека најверојатно штом веќе ја најавува има некоја потенцијална фирма блиска до СДСМ и до Зоран Заев која што би можела да го преземе и овој дел од функционирањето на здравството. Се што претходно отпочнаа да работат на тој начинј дали со јавно приватно партнерство, дали со тендер на подолг рок, тука да го споменам тендерот за стерилизација за реагенси итн.,  е со со една цел, да го добијат блиски луѓе на СДСМ и на Филипче кои што подоцна може да профитираат

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...