Младите се срамат од Зоран Заев и од оние малкумина од СДММ кои го бранат криминалот на владата

Интегрален текст од изјава за медиуми на Валентин Манасиевски

Младите се срамат од Зоран Заев и од оние малкумина од СДММ кои го бранат криминалот на владата

Единствената брана на европската иднина на Македонија е Зоран Заев и неговата криминална банда на власта.

Европската иднина на Македонија и младите во неа е загрозена заради скандалозниот рекетарски октопод кој што со поддршка и амин на Заев се инсталираше во Македонија.

Европските вредности се погазени со Луј Витон правосудството кое е под директна контрола на власта и кое работи по диктат кога треба некој да се прогонува, кога треба некој да се амнестира.

Се додека во Македонија се случуваат крвави тендери во здравството, наместени јавни набавки и сомнителни концесии на функционерите од власта, до тогаш Европската Унија ќе биде далечен сон за младите.

Се дури семејните бизниси на премиерот со плантажи со марихуана се неговиот приоритет, до тогаш 140 илјади млади ќе живеат во сиромаштија, 47% од младите ќе бидат невработени, а 80% од младите ќе сакаат да се иселат.

Младите во Македонија се срамат од малата група луѓе од СДММ кои се уште беспоговорно го слушаат и аминуваат на погрешните политики на Зоран Заев. Животот кој Заев им го ветуваше во Македонија им го претвори во пекол и затоа младите шансата се повеќе ја бараат надвор од својата земја.

Додека во Македонија владее рекетот, неправдата и бизнисите на власта до тогаш се повеќе ќе се зголемува бесперспективноста и очајот во нашата земја. Тоа мора да сопре, а единствената шанса да се дојде до тоа е Зоран  Заев да падне од власт. Само така Македонија ќе добие јасна европска перспектива, а младите својата иднина ќе ја добијат во својата родна земја.

 

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...