ЈО да одговори дали во Рекет се уценувани бизнисмени преку злоупотреба на материјали со малолетници

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Новинар кои што го обзнани целиот случај Рекет, пред една недела отвори и тема дека „од УБК се украдени компромитирачки снимки на познат скопски бизнисмен со малолетнички“ и потоа „бил убедуван роднината на бизнисменот да плати рекет кај Боки“… со очекување деталите да бидат откриени, односно да се поведе институционална постапка за случајот.

Ова прашање отвора повеќе дилеми, кој тоа изнесувал податоци од УБК, Кој тоа се бил дел од рекетот, кој и дали бизнисмен имал компромитирачки материјали со малолетнички, и низа други многу сериозни прашања. Прашања коишто отвораат и дилеми за злоупотреби на функции и на институции, и криминал и рекетирање, и најстрашно, злоупотреба на малолетници!

До толку повеќе што имајќи предвид дека, ако е точно, институциите имале сознанија за последното, за злоупотреба на малолетници, наместо да реагираат, снимката била употребена за рекетирање на бизнисмени, а тогаш целиот систем на власта, и правен и морален, е колабиран!

Почитувани,

Цела недела мина откако од тука за ова прашање поткренав сомнеж и го повикав ЈО, но од таму молк!

Македонија е соочена со Републички Јавен Обвинител, кој што признава и работи по наредби од притвореник, но нема намера да истражи можна злоупотреба на малолетници, ниту пак да одговори дали евентуално украдените компромитирачки снимки за бизнисмен биле резултат на легално или нелегално следење и снимање?

Почитувани,

Правниот систем во Република Македонија е колабиран, не постои, постои само алатка за политички пресметки и за рекет. Власта е фатена во најголемиот криминал, рекетирање и уценување на бизнисмени, власта подготвува уште една тура на криминогени дејствија, а правосудниот систем немо го следи тоа и исполнува желби на државната мафија!

Ова е неподносливо, ова е далеку од демократија, ова е далеку од тоа што Република Македонија може да го издржи. Избори веднаш, а потоа – потоа ќе сноси одговорност секој еден што сторил или дозволил да биде извршен криминал.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...