Додека Оливер Спасовски им замачкува очи на граѓаните со наводен ветинг, го приватизира и партизира МВР

 Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Додека Оливер Спасовски им замачкува очи на граѓаните со наводен ветинг, го партизира и приватизира МВР, поставувајќи на клучни позиции негови блиски луѓе и партиски функционери, создавајќи сопствен октопод.

Октоподот на Спасовски во МВР е составен од луѓе кои може да ги контролира, бидејќи на истите им овозможува вработување на  роднини во МВР кои ги креираат пипците на октоподот односно на октопод системот чија глава е самиот Спасовски.

За да го обезбеди овој систем, функцијата да го води ветингот му ја довери на Никола Дујовски, за чија сопруга, Спасовски одбегнува да одговори дали ја вработил во МВР под кои услови ја вработил и на кое работно место.

Но, да почнеме од почеток, Спасовски успеа да ги згрижи партиските кадри, па на позиција инспектор во СВР Куманово, ја вработил сопругата на секретарот на СДСМ Куманово, Даниела Илиевска. Работно место во МВР добива и синот на Стојанче Величковиќ, којшто е поставен за командир на СВР Куманово.

Спасовски ги вработува и роднините на неговите членови на кабинет. Па така братот на неговиот советник Митко Бојмацалев, го вработува како инспектор во Куманово. Синот на советникот во неговиот кабинет Љубиша Ристовски, го вработува како полицаец. Истото го направил и за внукот на Мирче Станчевски.

Откоподот на Спасовски се шири и кон луѓето од бизнис секторот коишто блиски до него, како  Игор Стефановиќ, сопственик на Оли травел, чиј брат е вработен исто така во СВР Куманово.

Додека Спасовски создава октопод од негови блиски луѓе на позиции, млади луѓе се бодат по автобуси и ги губат своите животи, а истовремено полицијата за жал ништо не презема. Безбедноста е нарушена и повеќе никој не се чувствува сигурно во државава. Имаме еден куп убиства коишто се нерасчистени, криминалци има на секаде, а полиција буквално спие.

Скоро една година помина од тројното убиство на Рузвелтова, а се уште МВР нема процесуирано ништо.

Спасовски наместо да ги штити граѓаните и да го гарантира јавниот ред и мир создава октоподи за сопствените потреби.

Господине Спасовски, МВР не е ваша сопственост. Се покажавте крајно некадарен за да ја извршувате работата за која што земате плата од граѓаните на Република Македонија. Време е заедно со Зоран Заев двајцата да заминете во историјата на македонската политичка сцена.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...