Стравот на Заев и СДСМ станува се повидлив, бидејќи се виде како креирале случаи за потоа да се уценува изнудува и манипулира со нив

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

Јавноста слушна и го виде распупеното обвинителство и судство на аболицираниот  Заев. Се виде како биле креирани случаи за потоа да се уценува, изнудува и манипулира со нив. Токму торбата со Луј Витон најдобро ја отсликува правната држава создадена од Заев во која и покрај евидентните докази им требаше цел месец да ја приведат Катица Јанева за во тоа време мистериозно да исчезнуваат докази, да се форматираат телефони и форензички да се бришат компјутери.

Стравот на Заев и СДСМ станува се повидлив, бидејќи им е јасно дека во случајот Рекет, како и во многу други скандали се заглавени до гуша во криминал и корупција. Затоа со судни маки се обидуваат да го забошотат случајот преку контрола врз обвинителството, влијание врз судството и притисок врз обвинетите да не го откриваат мозокот на криминалот.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.