Секогаш кога СДСМ е на власт приоритет се нивните приватни бизниси и интереси, а не здравјето на граѓаните

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на министерство за здравство кое се однесуваше на прес конференцијата на Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

 

Секогаш кога СДСМ е на власт приоритет се нивните приватни бизниси и интереси, а не здравјето на граѓаните.

Министерот за здравство Венко Филипче и неговите соработници во криминални тендери – Заев и Дончев, треба веќе да сфатат дека здравството е на дното и се дави во проблеми. И наместо да трошат половина милијарда евра за клинички центар, тие треба да работат на реконструкција на постоечкиот клинички центар, како и на подобрување на катастрофалните услови во останатите болници низ државата. Од новиот Клинички центар нема ни трага ни глас, а стариот веќе е руиниран и секој ден се повеќе се распаѓа.

СДСМ треба да престане да работи против интересите на граѓаните и парите од буџетот и од европските фондови да ги насочува и употребува за вистинските проблеми во здравството. Граѓаните будно следат што се случува во здравствениот систем и загрижени се бидејќи пред нивни очи, доколку за нов клинички центар СДСМ на чело со Заев и Филипче потрошат 500 милиони евра, ќе се случи најголемиот грабеж во историјата на независна Република Македонија.

Граѓаните заслужуваат одговори. Зошто толку многу пари, 500 милиони евра или пола милијарда за клинички центар? Зошто компаниите кои се заинтересирани најдоа забелешки дека тендерот има многу фалинки? Зошто една оф фирмите поднела жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки. Што е тоа што не чини во тендерот на триото Заев – Филипче – Дончев? Зошто Комисијата утврди дека  делови од тендерската документација, не се во согласност со Законот и истата води до дискриминација на фирмите?

На крајот, зошто триото Заев – Филипче – Дончев не сака да ги направи  тендерите според правните норми?

Јавноста и граѓаните чекаат одговори од Филипче, доколку ги има, доколку не, најдобро е да си даде оставка и да го препушти министерството на чесен и вреден професионалец кој ќе знае како да го подобри катастрофалниот здравствен систем во државата.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...