Димовски: На СДСМ им одговара да го има СЈО како играчка во која пола од обвинителите се вработени по партиска линија

На денешната собраниска седница имаше обраќање пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски кој кажа дека секој правен експеримент и секое правно лудило завршува неславно.

Димовски потенцираше дека секогаш кога државата не се држи до уставот и кога собранието носи неуставни закони , кога Уставниот суд вели дека не добил иницијатива и кога правните органи и државните органи иако безброј пати им било укажано дека СЈО излегува надвор од своите дозволени уставни рамки не реагираат работите завршуваат со огромни последици.

– Секогаш кога државата не се држи до уставот , секогаш кога државата толерира , секогаш кога Собранието носи неуставни закони , секогаш кога уставниот суд се прави дека не добил иницијатива секогаш кога правните органи и државните органи иако досега 100 пати беше укажано дека СЈО излегува надвор од своите дозволени уставни рамки не реагираат работите завршуваат вака и ќе завршуваат вака со многу поголеми последици со многу потешки последици и со многу потежок начин да се санираат раните кои што остануваат и на онака кревкото ткиво на правниот систем во Република Македонија кажа Димовски

Димовски истакна дека секој правен експеримент може да донесе само штета да државата. Тој кажа дека само на СДСМ им одговара да го има СЈО како играчка во која пола од обвинителите вработени во обвинителството се вработени по партиска линија.

– Секој правен експеримент може да донесе штета да државата тоа што во моменти на СДДСМ и исклучиво на СДСМ на ниту еден друг субјект во државата ниту пак на државата ниту пак на граѓаните им изгледаше интересно а тоа беше СЈО да се имаат како играчка. Пола од обвинители од СЈО за премиерот се обраќаа и зборуваа како шефот , пола од вработените се партиски од општински организации од СДСМ ние ги знаеме- додаде Димовски.

Треба да престанат оние креативни идеи за решавање на состојбите во правосудниот систем, па министерката викнала тело на правници па ќе оценувале. Според кој устав на државава министерката за правда има право да се произнесува од јавно обвинителство кажете ми? Според кој правен систем не се почитува Законот за јавно обвинителство, член 60? Според кој правен систем документ без печат, без заверка се верификува како легален и се загрозуваат човековите права на 2000 луѓе? Кој е тој буџет кој што ќе ги исплаќа штетите од правното лудило и правните експерименти?- рече Димовски

Пратеникот Илија Димовски кажа дека секој кој направил криминал треба да одговара без разлика на политичката припадност и дека треба да престанат креативните идеи за решавањее на состојбите во правосудниот систем.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...