Зоран Заев сака амнестија на криминалот, а не одговорност и санкции

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Постапувањето на Јавниот обвинител по наредба на лице притворено за тежок криминал и злоупотреба на службената положба е невиден преседан и е  дополнителен удар врз правниот систем.

Насилното преземање на предмети од СЈО надвор од закон, по наредба токму на истото лице кое е осомничено дека ги злоупотребувало токму тие предмети за политички притисоци и изнуда на пари ќе креира анархија.

Катица Јанева го уценуваше ВМРО да и даде поддршка за криминогеното работење, а за возврат нудеше прекинување на постапките, што говори и за мотивите поради кои тие се отворени.

Истрошија скоро 15 милиони евра во нивното досегашно работење. Земаа плати од по 5.000 евра само за да отвораат предмети кои би служеле за уцена и изнуда. По 5.000 евра месечно.

За ваков криминал мора да се одговара, а не да се бара нов незаконски начин како истиот да продолжи.

Доколку сакаме правда и правна држава, ваквите злоупотреби на системот мора да престанат и да бидат санкционирани, а не само да ја сменат формата и амбалажата, а во суштина да останат исти.

Јасно е дека зад овој криминален концепт стои Зоран Заев. Зоран Заев е главата на криминално – рекетарската банда која го штити и промовира криминалот.

Зоран Заев сака амнестија на криминалот, а не одговорност и санкции.

Зоран Заев затоа одбива решение во кое што професионалци ќе го испитуваат рекетот.

Затоа Зоран Заев се плаши дека ако предметите на СЈО завршат кај професионални обвинители, може да бидат разоткриени сите конструкции и местенки и некој ќе треба да одговара.

Зоран Заев е лично исплашен за себе и за луѓето околу себе. Бидејќи со независен обвинител на чело на ЈО тој ќе мора да биде повикан да даде исказ затоа што како објавија медиумите неколкупати е спомнат во исказите на жртвите.

Зошто Заев се уште не е повикан на распит е повеќе од очигледно. Причините се исти како оние поради кои Катица Јанева цел месец по притворањето на Боки и Зоки се шеташе на слобода, се шеташе по плажите. Па дури откако случајот беше објавен во меѓународните медиуми и притисокот од меѓународната заедница стана преголем тогаш власта реши да ја притвори.

Секој граѓанин на Република Македонија виде, како оваа ненародна и криминогена власт го има целиот систем под себе, и дека нема да процесуира обвинение за било кој нејзин функционер, член или било каков протеже, ако за тоа нема огромен меѓународен притисок. За владеење на правото и враќање на довербата на граѓаните во системот потребно е независно ЈО, кое нема да биде компромитирано како што е СЈО, со лица кои не се потенцијално вмешани во криминал.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...