Славевски до Анѓушев: Иако сте професор и стопанственик вие не знаете што е човечки капитал

Жестока беше вечерашната дебата во емисијата Топ Тема на телевизија Телма  каде гостуваа вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и професорот и член на Извшрниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славевски. Професорот Славевски му посочи на Анѓушев дека прави една фатална грешка, односно дека и покрај тоа што е професор и стопанственик тој не знае што значи човечки капитал. Во однос на вештачкото зголемување на минималната плата, Славевски потенцира дека со зголемување од 2-3 илјади денари на минималната плата, Македонија нема да биде конкурентна со западните држава и нема да го спречи иселувањето на младите.

-Господине Анѓушев тоа што сте и професор на технички науки и стопанственик не ви помогнале да не ја направите таа фатална грешка да не знаете што е човечки капитал. Овдека не убедувате дека се вложува во човечки капитал. Во човечки капитал не се вложува со зголемување од 2-3 илјади на платата. Вие не можете да се натпреварувате со платите во Германија, што сега ќе зголемите за 50 евра и ова што кажувате дека ќе спречите  младите или не знам кој да оди во Германија.  Има голем број на други фактори и причини освен платата за одлуката на поединецот дали ќе остане во родното огниште, во домот во кој што може да му помогнат родителите или ќе оди некаде каде што во првата година ќе се разочара и ќе му е срам да се врати во земјата.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...