Мицкоски: Немам концесија спрема никого

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за „Фокус“ вели дека на нашиот правосуден систем му треба сериозна реформа.

ФОКУС: Откако СДСМ дојде на власт во Судскиот совет, Совет за обвинители, судството, обвинителството, се истите луѓе коишто работеа и претходно. Зарем претходно истите судии и обвинители самостојно работеле? Слушавме и во бомбите како се избираат судии и нарачуваат пресуди.

МИЦКОСКИ: Видете, прво човек којшто имал проблеми со законот не може да спроведе надежна реформа во правосудството. Јас не сум бил градоначалник и не сум барал мито од Мирчо Свињарникот и за Црквата. Друг го правеше тоа. Јас не сум учествувал во изградба на трговски центри, а потоа да бидам аболиран од претседател. Ние не можеме од политичари коишто имале проблем со законот да очекуваме да бидат реформатори. Јас сум човек којшто нема никаква концесија кон никого во животот. И прва работа што ќе се зафатам е длабока, сериозна реформа во правосудниот систем.

ФОКУС: Каква реформа? Дали сте за ветинг?

МИЦКОСКИ: Имаме јасен концепт како и кога ќе излезе нашата предизборна програма ќе го презентираме тоа пред граѓаните. За ветингот конкретно слушаме многу, но ја немаме методологијата врз основа на што тие планираат да направат ветинг. Доколку ветингот претставува да се истражи минатото на судиите, на обвинителите од аспект на кривични дела сторени. Да, прифаќаме! Ако вториот чекор е истражување на материјална состојба, ако гледаме дека неговата имотна материјална состојба не соодветствува на примањата, тој ќе треба да докаже од каде е таа разлика. Може од наследство, можеби од подарок. Да, подржуваме таква истрага. Така што, ако врз основа на тие принципи се темели ветингот – да. Но, ако се темели врз основа на политизирање на случајот, тогаш не можеме да поддржиме.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...